14 намирници за долг живот (листа од Џејми Оливер) 1

14 намирници за долг живот (листа од Џејми Оливер)

Џејми Оливер е човек кој денес сите го знаеме и човек кој промени повеќе нешта во животот на луѓето. Патувајќи по светот, тој составил листа на 14 „магични“ намирници за долг живот кои треба да се наоѓаат што почесто во секоја кујна.

Два од триковите или тајните за подолг живот, кој ги открива во една од своите емисии, е намалувањето на бројот на порции месо на две неделно и консумирање на најголемиот број на калории во првиот дел од денот. Тој вели дека резултатот од добрата исхрана се гледа во долгиот и квалитетен живот.

Џејми патувал во Костарика, Окинава во Јапониа и на грчкиот остров Икарија, места кои се познати низ целиот свет баш по здравиот начин на живот и здравата исхрана. На овие дестинации луѓето живеат значително подолго  од останатите делови во светот, а бројот на заболени од рак и срцеви болести е значително помал.

Познатиот кувар и револуционер Џејми, заклучил дека тајната не се егзотичните намирници како на пример гоџи бобинките, туку во начинот на готвење. Паметно и од едноставни намирници.

Да не ги забораваме двата главни совети, месото да се ограничи на 2-3 пати неделно и појадок да е пообилен од вечерата. Тоа е така затоа што најмногу енергија ни е потребна наутро, а не навечер кога треба да одмараме и да спиеме. Тие се клучните нешта, а кои се најздравите намирници имате во продолжение.

Листа на намирници за долг живот и што тие содржат

  1. Јајца – извор на витамините Д, А, Б2 и Б12, фолна киселина и јод
  2. Козјо млеко – калциум, протеини и витамини
  3. Риба – омега 3 масни киселини
  4. Сладок компир – витамин А, Б5, Б6
  5. Зеленчук и растителни билки – магнезиум и фолна киселина
  6. Тофу – осум есенцијални аминокиселини, железо и калциум
  7. Ореви – бакар, фолна киселина, магнезиум
  8. Црн грав – растителни влакна, калиум, железо, фолна киселина и магнезиум
  9. Свежо овошје – повеќе витамини
  10. Морска трева/алги – железо и витамин Б12
  11. Интегрален и црн ориз – растителни влакна, магнезиум, фосфор
  12. Лук – витамин Ц и Б6, манган, селен и антиоксиданси
  13. Ракчиња – магнезиум, цинк, селен, витамин Б12
  14. Чили пиперка – Витамини Ц и А, антиоксиданси.

Ви препорачуваме да прочитате: Праз – зеленчук за силен имунитет и долг живот.

Сподели: