Здрави новогодишни салати

3 идеи за новогодишни салати 

Најубавиот перидот започна! Прво се славите и имендените, а ни доаѓаат Новата година и Божиќ. Заедно со нашите пријатели Фила ви препорачуваме да консумирате здрава храна и за време на празниците. Руската салата, заменете ја со поздрави салати. Споделуваме 3 идеи за новогодишни салати кои ќе ја разубават вашата трпеза, а не содржат голем број на калории. 

Направи салата во форма на божиќно бастунче, елки од краставица или божиќен венец. 

Новогодишни салати

Салата во форма на божиќно бастунче

Прекрасна декорација, направена само од неколку состојки. За да ја приготвиш оваа салата потребни ти се:

  • Домат сечкан на кругови
  • Сечкани кругови моцарела – ако постиш може да замениш со кругови дајкон или трупка
  • Неколку листови босилек за декорација
  • Ладно цедено сончогледово масло од Фила, оцет балсамико и сол по вкус. 
Новогодишна салата со домати и моцарела

Во правоаголна чинија стави круг моцарела, а потоа парче домат. Постапката повторија неколку пати за да добиеш форма како бастунче. Декорирај ја со листови босилек и послужи ја со ладно цедено сончогледово масло, оцет балсамико по желба и сол. На здравје!

Елки од краставица

Уште една вкусна декорација која може да се послужи како салата. Потребни ти се следните состојки:

  • Краставица
  • Кашкавал, ако постиш или за поздрава верзија искористи парчиња дајкон, трупка или кисело јаболко. 
  • Поголем морков или портокалова пиперка за замена.

Со помош на алатка за лупење, краставицата исечкај ја на тенки ленти. Кашкавалот или дајконот исечи го на коцки со ширина од 2 см. Морковот исечи го на кругови, а потоа со калап исечи го во форма на ѕвезда. 

новогодишна салата со моркови и краставица

Салата послужи ја со ладно цедено сончогледово масло од Фила, оцет по избор, оригано и сол. Постави ја на трпезата и празниците нека бидат весели!

Салата во форма на божиќен венец

Фантастична идеја која ќе ја збогати божиќната магија на трпезата. Направи салата во форма на венец. За почеток набави:

Листовите босилек нареди ги во форма на круг. Ако немаш босилек, марулата ситно исечкај ја и нареди ја во форма на круг. Додај шери домати и мини моцарела. Ако постиш биди креативен и направи го божиќниот венец по твој вкус, Додај кругови од морков, краставица, ротквици… Салата послужи ја со ладно цедено масло, оцет по желба, сол и црн пипер. 

Ја поттикнавме твојата креативност и те мотивиравме да послужиш здрави салати на празничната трпеза? – Направи ја твојата салата и сподели ја во групата Сѐ за храна! Така заедно ќе ја шириме празничната атмосфера и ќе споделуваме здрави идеи!

Заследи ја Фила на Facebook и Instagram и биди во тек со сите новости. 

Среќни празници!

*Може да те интерсира: Масло со зачини – рецепт и совети како најдобро да го направите и користите.

Сподели: