Поладните денови се идеални за престој под дебело ќебе, со топол чај во рака. Еден од најголемите заштитни знакови на зимата е секако циметот кој совршено одговара и со чај и со вино. Покрај тоа што мириса прекрасно и има специфичен вкус, тој е одличен и за здравјето. Во продолжение дознајте како да си направите домашен чај од цимет кој помага против дијабетес, проблеми со дигестивниот систем и за слабеење.
Чајот од цимет е еден од најдобрите начини за регулација на шеќерот во крвта. Се подготвува многу едноставно и е многу вкусен. Циметот е добар и за проблеми поврзани со дигестивниот систем, а помага и за намалување на вишокот килограми, бидејќи делува како антиоксидант.

Како да направите чај од цимет за регулирање на шеќерот во крвта?
Состојки:
- вода
- 1 лажичка цимет.
Подготовка:
- Зовријте ја водата и во неа додајте 1 лажичка цимет.
- Вака подготвениот чај оставете го да отстои околу 15 минути, додека водата добие кафеава боја.
- Потоа процедете го чајот и испијте ја течноста.
Како да направите чај од цимет за слабеење?
Состојки:
- вода
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка мед.
Начин на подготовка и употреба:
- Во зовриена вода додајте 1 лажичка цимет.
- Откако водата ќе добие кафеава боја, процедете ја течноста и заблажете ја со 1 лажичка мед.
- Вака подготвениот чај се консумира половина час пред оброк.
Совет плус: Циметот е одличен и во борбата против несоница. Така, за подобар сон додајте 1 стапче цимет во загреано млеко и испијте го 1 час пред спиење.
Како да направите чај од цимет кој помага против проблеми со дигестивниот систем?
Состојки:
- 3 чаши вода
- 1 лажичка цимет
- неколку листови нане.
Начин на подготовка и употреба:
- Зовријте ја водата и во неа додајте ги циметот и ливчињата нане.
- Вака подготвениот чај оставете го да отстои околу 10 минути, па процедете го.
- Од оваа доза треба да добиете околу 3 чаши чај кои се пијат преку целиот ден.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен овошен чај од јаболко и цимет.