„Сезоната на зимниците само што започна! Веќе направивме кечап, домата, а на ред се и пиперчињата во тегла. Оваа година побарав рецепти во групата Сѐ за храна, затоа што сакам да експериментирам со нови вкусови и да одредам кој е најдобриот рецепт. Издвојувам три рецепти за подготовка на пиперчиња во тегла кои најмногу ми се допаднаа!“ – вели Марија од нашиот тим.
Најдобриот начин за приготвување зимница е оној без конзерванси, а притоа зеленчукот не се изложува на високи температури. Со тоа се зачувуваат витамините и минералите до следната година. Како природни конзерванси за при подготовка на туршија се користат оцетот, солта и шеќерот, кои овозможуваат зеленчукот по ферментацијата да ги зачува својот вкус и текстура.

Пиперчиња во тегла – 3 рецепти
Начинот на подготовка е сличен, а има мали варијации во состојките кои се користат.
Рецепт број 1
Се редат фефероните (пиперчињата) во тегла од 720 мл и се додава една лажица сол и една лажица шеќер. Во теглата до половина се става бел алкохолен оцет 9% и се дополнува со вода. Теглите се вртат наопаку додека се растопат солта и шеќерот. Потоа се складираат со другата зимница.
„Овој рецепт го испробав со мала модификација. Имав на располагање бел вински оцет од Витаминка (6%) па секоја тегла ја дополнив со 3/4 оцет, а 1/4 вода.“ – вели Марија.
Рецепт број 2
Во пластично шише или тегла се редат пиперчињата. Потоа се додава една мала лажичка шеќер и една мала лажичка сол. Потоа се дополнува со бел оцет.
„Наместо бел алкохолен оцет, ставив бел вински оцет од Витаминка (6%).“ – додава Марија.

Рецепт број 3
Овој рецепт е сличен на првиот, а во секоја тегла се ставаат 2 мали лажички сол, една мала лажичка шеќер. До половина се додава бел оцет, а потоа се дополнува со вода.
Совети плус:
Во продолжение ви откривам и неколку совети кои сигурно ќе ви ја олеснат подготовката на зимницата:
- Теглите мора да бидат неоштетени и беспрекорно чисти, а најдобро да бидат сосем нови. Во спротивно, убаво измијте ги, исцедете ги врз чиста платнена крпа и непосредно пред ставање на зимницата пастеризирајте ги.
- Пред затворање, капачињата, рабовите на теглите, чеповите и шишињата пребришете ги со алкохол.
- И за крај, им благодарам на Светлана, Кате и Валентина за споделените рецепти. А ако ти се допаднаа рецептите и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследиме на Facebook – Marija Kocovska или Instagram – @kocovska.marija. Најважно од сѐ – приготви ги со љубов и сподели ги со најблиските.“ – додава Марија.

Ви препорачуваме да прочитате: Корнишони со копар и црн пипер.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.