Во исхраната кокосот е застапен доста често, а обично тоа е како дел од разни десерти. За да ве мотивираме да го јадете почесто, треба да прочитате неколку факти за неговата хранлива вредност. Еве за што станува збор.
Кокосот е дел од групата на намирници кои се нарекуваат функционална храна, затоа што има големи придобивки за здравјето. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали. Тој е богат со магнезиум, селен, железо, калиум, витамин Ц и Б6, и се препорачува да се јаде почесто, а не само кога се јадат колачи и десерти. Еве за што станува збор:

Кокосот е домашна помош против повеќе здравствени состојби
Кокосот во традиционалната медицина се употребува за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхитис, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго.
Корисните својства на кокосот ги потврдува и модерната медицина
Во поново време се направени низа истражувања со кои модерната медицина потврдува дека употребата на кокосот во секојдневната исхрана е корисна за лекување на многу состојби. Подетално за нив можете да прочитате тука.
Кокосот нуди можност да си направите домашно кокосово млеко
Ако сте алергични на млечни производи, постите, сакате да консумирате здрави масти, сте на диета или едноставно сакате пијалак кој освежува и е одличен додаток за различни коктели и десерти, ви предлагаме да направите кокосово млеко. Кокосовото млеко не може да се најде во сите продавници, но затоа кокосовото брашно е полесно достапно. Но, дали знаевте дека со употреба на малку кокосово брашно може да се добијат големи количини на кокосово млеко? Погледнете го видеото и направете кокосово млеко.
Ви препорачуваме да прочитате: Кокосово масло за силни коски и здрави заби.