5 лековити зачини кои мора да ги имате во вашата кујна

Наместо често да пиете различни таблети, потрудете се да ги користите лековитите својства кои ни ги нудат природата и зачините. Секогаш кога припремате јадења, одбегнувајте ги готовите мешани зачини кои содржат засилувачи на вкус, а нивниот вкус збогатете го со свежи или суви зачини, кои изобилуваат со корисни состојки и го чуваат здравјето.

Доколку овие 5 исклучително лековити зачини ги нема во вашата кујна, време е да дознаете нешто повеќе за нив и како може да ги користите.

Куркумата е природен зачин и лек кој превенира појава на канцер

Куркумата се користи во Индија веќе неколку илјади години како зачин и лек, но и како природна боја. Во последно време голем број на истражувања ги потврдиле антиоксидантините својства, антибактериските својства на куркумата, како и нејзината лековитост за одржување на здравјето на црниот дроб и крвта, превенцијата на канцер, позитивното дејство при артритис и реума, побрзо заздравување на раните и обновување на повредената кожа. Куркумата може да ја додавате во салати, супи, јадења од ориз, компири или да ја користите како зачин за месо.

Кимот го олеснува дишењето и е одличен зачин за дијабетичари

Кимот е зачин кој одамна го освоил светот како додаток во исхраната, но и како лековито средство за разновидни здравствени проблеми. Добри резултати покажува во лечењето на деца болни од бронхитис, астма и разни алергии, а исто така има позитивно влијание врз болестите на белите дробови, кожни болести и потешкотии предизвикани од астма. Помага во намалување на гликозата во крвта, холестеролот и триглициридите, а е доста корисен и за дијабетичарите. Од кимот може да направите чај или сируп кој помагаат при кашлица.

зачини

Карито го збогатува вкусот на јадењата и го подобрува варењето на храната

Карито е одличен зачин за сосови и преливи, добро се вклопува и во повеќе манџи и додатоци од зеленчук, а го подобрува и вкусот на месото. Освен како додаток во јадење, карито се користи и за подобрување на варењето на храната, болести на цревата, го подржува здравјето на црниот дроб. Истражувањата покажале дека карито има позитивни ефекти кај пациентите кои што страдаат од рак и Алцхајмерова болест.

Копарот е зачин кој изобилува со витамини

Копарот потекнува од Медитеранот и Јужна Русија, а се користи од најстари времиња. Најчесто се употребува како зачин, а исто така и како чај, кој ги смирува стомачните грчеви кај бебињата. Копарот најдобро е да се користи во свежа состојба, но може да го замрзнете или пак исушите. Се комбинира заедно со лук и црн пипер во јадења од риба, супи, салати и таратур, а кај нас најчесто се користи како зачин за кисели краставички.

Шафранот го подобрува расположението и е моќен борец против ракот

Шафранот е фантастичен антидепресив, а посебно кога се користи во облик на чај има значаен придонес против депресијата. Научните истражувања упатуваат на тоа, дека поголемите количини на консумиран чај од шафран дури и го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата, што многу придонесува за одлично расположение. Се одликува со значајни антиканцерогени својства, кои доаѓаат од неговите состојки крокин, шафранал и пикрокроцин, кои го запираат ширењето на ракот, преку спречување на растот на канцерогените клетки кај болните од рак.

Ви препорачуваме да прочитате: Босилек корисен и лековит на 6 практични начини.

Сподели: