причини да пиете смути

7 причини да пиете смуди секој ден

Смудито е одлична ужина за децата и возрасните – полно е со витамини и хранливи состојки, а воедно e вкусно и во различни бои. Доколку вашето дете е пребирливо, приготвеното смуди е одличен начин да го натерате го изеде овошјето или зеленчукот што вообичаено не сака ни да го пипне.

Смудито е пијалак кој се прави од свежо овошје или зеленчук, а понекогаш може да се додаде чоколадо, млеко или кисело млеко. Како дополнување на овошјето, а особено во топлите денови често се додаваат коцки мраз или топки сладолед.

причини да пиете смуди

За да се добие поголема хранлива вредност, во смудито се додава мелено ленено семе, ѓумбир, цимет. Се смета дека овој пијалак е идеален за оние кои не внесуваат доволно зеленчук или овошје и кои ја прескокнуваат ужината, а сакаат да внимаваат на својата линија и на здравата исхрана. Нутриционистите нагласуваат дека е корисно во смудито да се стави и нешто зелено како лист од спанаќ, никулци, босилек, рукола или друго лиснато растение по желба. Ако вашето дневно мени наложува да биде зеленчуково, тогаш додајте некое овошје. Ем ќе го подобри вкусот, ем ќе ви ги обезбеди сите потребни растителни влакна, минерали и витамини.

Придобивките од консумирање на смуди 

  • ги внесувате дневните препорачани количини за овошје и зеленчук
  • децата обожаваат смуди
  • го подобрува варењето на храната
  • помага полесно да го намалите вишокот на килограми
  • помага во градење на мускулите и подобрување на физичката способност
  • ја подобрува енергија
  • помага за полесен сон

Како се прави смуди?

Смудито се прави така што сите состојки се ставаат во блендер и се сечкаат на крупни парчиња. Се додаваат другите зачини и мала шолја вода. Ако се бленира тешко, додајте уште малку вода додека почне добро да се мели. Кога ќе се направи густа каша, додајте вода по желба за да се постигни посакуваната густина. Целта е колку што е можно да се направи густ сок, но да не се претера со вода. Приготвеното смуди се пие веднаш.

Совет плус: Потрудете се купеното овошје или зеленчук веднаш да го измиете, ставите во сад, па во фрижидер. Така никогаш нека да губите време ниту ќе ве мрзи нешто веднаш да блендирате.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите совршено смуди?

Сподели: