7 рецепти за ќофтиња со тиквичка 1

7 рецепти за ќофтиња со тиквичка

Тиквичките се нискокалорични, богати се со растителни влакна и се препорачуваат при диети, за исхрана на лица кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем и дијабетес. Имаат одличен вкус и цена, а лесно се достапни во поголемиот дел од годината, па ви нудиме повеќе вкусни рецепти за ќофтиња со тиквичка.

Ќофтиња од тиквички и изварка

Во нашата кујна ви припремивме лесен, брз и здрав рецепт за печени ќофтиња од тиквички и изварка. Овие ќофтиња од тиквички и изварка може да ги консумираат и лица кои практикуваат исхрана без глутен, исхрана без шеќери и исхрана со мал внес на јагленихидрати. Кликнете тука за рецептот.

7 рецепти за ќофтиња со тиквичка 2

 Ќофтиња од тиквички и бајат леб

Ако ви останал повеќе леб од претходните денови, немојте да го фрлате. Има повеќе начини да го искористите. Со оглед дека ниту една храна не треба да се фрли, Катерина ни дава едноставен, брз и лесен рецепт за да го искористиме вишокот леб и да направиме вкусни ќофтиња од тиквички и бајат леб. Прочитајте го рецептот тука.

Вегетаријански ќофтиња од тиквичка и сирење

И благодариме на Невена за споделениот рецепт, а ќофтињата од тиквичка изгледаат одлично и на нас ни останува да ги дегустираме. Кликнете тука за рецептот.

Вегетаријански ќофтиња со праз, компири и тиквичка

Подготовката е едноставна, а ќофтињата може да ги направите и со печени компири кои ви останале од ручекот или вечерата. Еве го рецептот.

Здрави печени ќофтиња со модри патлиџани и тиквички

Вегетаријански, здрави, печени и што е најважно многу вкусни! Баш вака можеме да ги опишеме здравите печени ќофтиња со модри патлиџани и тиквички кои ги приготвивме во нашата кујна. Прочитајте го рецептот тука.

Лесен и брз рецепт за ќофтиња од тиквички

Рецептот е испробан и фотографиран од нашата пријателка Лана, а ние и веруваме и знаеме дека нема да згрешиме со предлогот. Уживајте додека се топли, а еве како да ги направите!

Печени ќофтиња од киноа, тиквички и сирење

Овие вкусни ќофтенца ни доаѓаат од кујната на Диана, таа секогаш готви привлечно и вкусно. Пробајте ги овие интересни ќофтиња, а рецептот е тука.

Ви предлагаме да прочитате: Посни ќофтиња со киноа, компири и коприва.

Сподели: