Ајде гурмански да отпатуваме во Азија и да ги дегустираме нејзините популарни специјалитети. Овој пат наш избор е популарното пилешко со сусам и мед, во здрава и вкусна верзија!
Рецептот најчесто се прави со пржење, но за сите кои сакаат да се хранат здраво – ова е идеалната верзија која се приготвува со печење. На овој начин се намалуваат калориите, а може да се ужива во вкусната храна.

Состојки:
- 700 г пилешки стек
- ½ мала лажичка сол
- ½ мала лажичка мелен црн пипер
- 1 чаша брашно
- 2 јајца
- 2 лажици млеко.
За сос:
- ½ чаша мед
- ½ чаша соја сос
- ¼ чаша оцет од ориз – во замена може да се користи бел вински оцет
- ¼ чаша кечап
- 1 мала лажичка кафеав шеќер
- 1 лажица масло од сусам од Фила
- 1 чешне лук
- 1 лажица скроб (густин) + 1 лажица вода
- 1 лажица сусам.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Тавата обложете ја со хартија за печење.
- Пилешкото исечкајте го на коцки и зачинете го со сол и мелен црн пипер.
- Во длабок сад ставете го брашното. Во друг сад изматете ги јајцата и млекото.
- Парчињата пилешко панирајте ги. Прво ставете ги во садот со брашното, потоа во садот со изматените јајца. На крај повторно набрашнете ги. Наредете ги во тавата и печете ги 15-16 минути.
- Во мало тенџере подгответе го сосот. Измешајте ги медот, соја сосот, оцетот, кечапот, кафеавиот шеќер, маслото од сусам и лукот.
- Скробот измешајте го со водата.
- Тенџерето ставете го на оган и додајте ја растворениот скроб. Мешајте околу 2 минути додека сосот се згусти.
- Печеното пилешко месо ставете го во чинија и додајте го сосот. Измешајте ги, а потоа повторно вратете го пилешкото да се пече уште 10 минути. Сервирајте го со варен ориз, поросете го со сусам и сечкани перца од млад кромид. На здравје!

Совети плус:
Маслото од сусам е задолжително за подготовка на рецептот и го дава карактеристичниот вкус на ова ориентално јадење. Кај нас масло од сусам може да се најде во поголемите маркети или да се набави онлајн преку веб продавницата на Фила.
Фила е македонска иновативна компанија која произведува ладно цедени масла од различни семиња: сончоглед, сусам, лен, маслодајна репа, црно семе…

Дознај повеќе за употребата на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.
*Рецептот е овозможен од Фила.
