Дали знаете дека кокосот се нарекува Дрво на животот? Благодарение на неговиот состав и големите придобивки врз здравјето, кокосот многу одамна се користи како храна и лек.
Одредени видови на храна се познати по тоа што го подобруваат помнењето и функцијата на мозокот. Како најпознати ги издвоивме масните риби, лиснатиот зеленчук, јајцата, зелениот чај и чоколадото. Со редовна консумација на овие намирници ќе имате значително подобро помнење и здрава мозочна функција, како и поволно влијание врз целокупното здравје.
Дали сте знаеле дека за побрз раст на трепките можете да применувате третман со зелен чај? Зелениот чај може да го стимулира растот на трепките, а исто така помага за одржување на нивното здравје на оптимално ниво. Главен носител на ова својство на зелениот чај се флавоноидите во неговиот состав, кои тој ги содржи во изобилство.
Оризот со печурки е одлично јадење кое може да го јадат обожавателите на посно, вегетаријанците и сите љубители на ориз. Фантастичниот вкус е многу подоген и за прилог со месо или риба. Ако сакате посно јадење или имате желба за убав прилог, овој рецепт за ориз со печурки е избор кој нема да ве изневери. Вреди да се проба!
Мастите околу стомакот или уште наречени стомачни наслаги, се најголем непријател на витката фигура која ја посакува секоја жена, а храната е неизбежен фактор на кој мора да се внимава за здраво и затегнато тело. Лута пиперка, куркума, цимет, зелен листат зеленчук, кромид и лук, ленено семе се одличен избор за намалување на телесната тежина!
Ако сакате да ослабите во делот на стомакот, овој домашен напиток за слабеење ќе придонесе во голема мера за топење на стомачните масти. Бидејќи народната помош често знае да биде навистина ефикасна, ви предлагаме да го пробате овој природен напиток, кој секој може да го направи дома и лесно, а значајни резултати и ефект на видливо слабеење се забележуваат при секојдневна консумација во период од неколку недели.
Сувите кајсии се вкусна храна, корисни за добро здравје и изобилуваат со хранливи материи кои се задржуваат во нивниот состав и по сушењето. Сите здравствени придобивки од суви кајсии се значајни и му помагаат на организмот против голем број заболувања на кожата, косата, а исто така одлични се за организмот во целост.