Пробајте ги овие вкусни и посни брзи бомбици од туна и компири. Одлични се, се припремаат за многу кратко време, а можеме да им се радуваме и заради тоа што имаат декоративен изглед кој ги прави погодни за секоја трпеза и убави поводи!
Ако немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и нискокалорично, овие брзи бомбици со туна и компири ќе бидат идеално решение за Вас. Туната е здрав извор на висококвалитетни протеини и пожелна намирница за нашето секојдневно мени. Богата е со минерали како што се калиум, селен и магнезиум. а во својот состав има и омега 3 масни киселини кои се значајни и корисни за здравјето на срцето и крвоносниот систем. Помага во одржување и намалување на телесната тежина, го штити видот и срцето, а исто така помага за правилна функција на мозокот. Не се двоумете, направете ги вкусните и брзи бомбици од туна и компири и уживајте ги сите овие придобивки. На здравје!

- 2 поголеми компири
- 50 гр маргарин или путер
- 100 гр сусам
- 2 конзерви туна (околу 350 грама).
Подготовка:
- Компирите се мијат, се лупат и се ставаат да се варат.
- Варените компири уште додека се топли, убаво се пасираат.
- Сусамот малку се потпекува, а тоа овозможува поизразен интензитет на вкусот.
- Туната се цеди од маслото и се иситнува доколку има потреба.
- Во подлабок сад се ставаат сите состојки освен сусамот и добро се мешаат за да се добие хомогена смеса.
- На крај, од смесата се формираат бомбици кои се валкаат со сусамот и спремни се за да ги послужите.
Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Може да те интересира: Готвиме со Марија Кочовска: Медитерански мезе залачиња со кремаст песто сос.