Мини ражничи од мелено месо

Мини ражничи од мелено месо – печени во рерна

За вистинските гурмани ова ќе биде неодоливо гастрономско уживање! – Ако сакате да експериментирате и да направите нешто поинакво и креативно во кујната, пробајте го овој интересен рецепт за мини ражничи од мелено месо. Одлични се за семеен ручек или како мезе за седенки со пријателите. 

Кременадли во кремаст сос со лук

Размислуваш и разгледуваш нови идеи за ручек или вечера? – Направи кременадли во кремаст сос со лук! Меки се и сочни, а приготвени по вистинскиот рецепт ќе ве одведат по патот на ново гурманско доживување. 

Брза пица од тесто без нараснување 1

Брза пица од тесто без нараснување

Секое време е добро време за супер вкусна брза пица од тесто без нараснување! Што се однесува на „топингот“ секако дека е најдобро да е по вкус, а ние имаме една проверено добра комбинација која препорачуваме да ја пробате за промена на вкусот и размрдување на менито.

Посно фахити – мексиканско јадење од печен зеленчук во тортиљи 

Здраво и превкусно! Дали до сега си пробал фахити? Тоа е популарно мексиканско јадење кое се прави со пиперки и кромид, а се служи врз тортиља. Најчесто се прави со пилешко месо, но и оваа посно фахити со печурки е подеднакво вкусно!

Свински врат во рерна – најлесен и превкусен рецепт

Рецепт за сите оние кои немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк на трпезата. Чекор по чекор ви откриваме како да направите свински врат во рерна на најлесен и наједноставен начин.

Тегнет мазник со сирење 1

Тегнет мазник со сирење – традиција за Прочка

„Во пресрет на Прочка, го споделувам мојот испробан рецепт за тегнет мазник со сирење. Ако имаш желба, сигурна сум дека моите детални инструкции ќе ти помогнат успешно да го направиш. За празник или некој семеен собир, ова традиционално јадење ќе ги израдува сите!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.

Домашни мини бургери

Совршени мини бургери за вас и вашите деца! Одличен избор за детски родендени, коктел забави или мезе за пријателите. Лесно се подготвуваат, а потребни ви се само неколку состојки. Во рецептот се користат готови лепчиња за сендвичи, но ако имате желба и време можете да си ги направите дома. Рецептот за подготовка на домашните лепчиња прочитајте го тука.

Прославете ја љубовта! 3 брзи десерти од кујната на Марија Кочовска

„Нека биде слатко! Подарете љубов, направете колачиња, земете чаша вино и прославете го животот. И не само за Св. Трифун и Св. Валентин, тоа нека биде било кој ден, без повод, но со убава намера. Разгледајте ги моите 3 брзи десерти, изберете го вашиот фаворит и ајде во кујната, креирајте слатка магија!

Брз протеински оброк: Пржени јајца со шунка и кашкавал

Брз протеински оброк: Јајца со изварка и кашкавал

Подгответе си појадок како од ресторан, а едноставно! – Има стотици начини за подготовка на јајца со изварка, со сирење, со кисела павлака, шунка или сланина, печурки, пиперки, домати, кромид, зачини по избор…. Многу различни состојки може да се користат за надополнување на вкусот, а можностите се бесконечни.

Посни пиварки со гриз, кокос и ореви 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Посни пиварки со гриз, кокос и ореви

Дали и ти како мене обожаваш вака вкусни колачи да ги пиеш со омиленото кафе? – Ронливи, ароматични, совршени! Ова е вкусот кој ќе ти наврати и тебе топли моменти од детството! Кога и да ги направам овие посни пиварки со гриз, кокос и ореви и ги пробам, чувството е како топла прегратка! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим.

Лесно, вкусно и едноставно смути од банана за витка линија и енергија

Микс од овошје или зеленчук во чаша е одлична идеја за здрав почеток на денот! А, ако сте во потрага по хранливо, вкусно и здраво освежување, ова смути од банана е вистинскиот избор за вас! Ќе го направите многу брзо и лесно, а ќе ви бидат потребни само неколку состојки.

пица лепчиња рецепт

Готвиме со Марија Кочовска – Пица лепчиња – омилен појадок од детството

„Ти останал леб од претходниот ден? Ти треба идеја за појадок или вечера? – Ова е вистинскиот рецепт за тебе! Направи пица лепчиња и за 10-тина минути имаш вкусен појадок или вечера за целото семејство. Избери топинг по вкус – печурки, чајна или домати, и забавата може да започне. 

Брз појадок - Бурито со јајца и колбаси

Брз појадок – Бурито со јајца и колбаси

Немате многу време да подготвите појадок? – Имаме одлична идеја за брз оброк! Бурито со јајца и колбаси, се спрема  за помалку од 10 минути, a mожете да го јадете дома или да го завиткате во фолија и да го земете за на работа. Брзо за правење, а вкусно за јадење!

Печено свинско месо со компири во гурмански сос

Немате идеја за ручек? Ви предлагаме да направите печено свинско месо со компири, прелиено со превкусен гурмански сос. На прв поглед изгледа како мусака, но вкусот е уште подобар и посочен. Не ви треба многу време и труд за подготовката, само изрендајте, измешајте ги состојките и ставете ги во рерна да се печат.