Лесно и брзо до вистински специјалитет! Едноставен рецепт за лења пита со мелено месо којаможе да ја направи секој. Идеална за ручек или вечера и со лесна подготовка без месење, а може да ја послужите со чаша јогурт или салата по избор.

Ако му се допадне на Петар, ќе му се допадне на секој! Грашокот приготвен на овој начин ќе го одобри и познатиот сладок гурман, а веруваме и сите останати! Симпатичното дете кое ја насмеа цела Македонија ни беше инспирација за да подготвиме супер брз и кремаст грашок за сите генерации. Може да го послужите како гарнир или да го додадете во салата.
Ако сакате да направите пита, а не сакате да тегнете или сукате тесто, нашата пријателка Емилија има одличен рецепт. Вртена пита со готови кори, совршена за подготовка кога ви се најавиле гости или едноставно кога сакате да направите нешто брзо за ручек или вечера. Послужете ја со чаша јогурт и уживајте во вкусот.
Новогодишната еуфорија сѐ уште е во тек! Празниците само што започнаа, па сите домаќинки размислуваат што вкусно да подготват и како да ја декорираат трпезата. А сигурно ќе се согласите дека ниту една трпеза неможе да помине без вкусни колачиња на кои најмногу им се радуваат децата. Оваа година израдувајте ги најмалите во семејството и направете празнични колачиња со цимет во форми и големини по ваша желба.