Кој сакаше рецепт за меки и вкусни, но печени крофни? Благодарение на Катерина сега ќе може да уживаме во новиот вкус на печените путер крофни, посипани со цимет и кафеав шеќер!
Не можете да одолеете на рецептот? Не сте единствени. Состојките кои ви требаат сигурно ги имате во кујната, па препуштете се на слаткиот предизвик.
Состојки:
- 500 г брашно
- 180 мл млеко
- 70 г кафеав шеќер
- 1 јајце
- 70 г путер на собна температура
- 15 г свеж квасец
- ½ ќесичка ванилин шеќер
- прстофат сол.
За премачкување:
- по потреба растопен путер
За посипување:
- по потреба кафеав шеќер и цимет
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги јајцата, млекото, ванилата и издробениот квасец. Измешајте ги состојките.
- Потоа во садот додајте ги шеќерот, омекнатиот на собна температура путер и прстофат сол. Со постепено додавање на брашното замесете меко нелепливо тесто.
- Тестото покријте го со најлонска фолија и крпа, и оставете убаво да нарасне.
- Од нараснатото тесто расучете кора со дебелина од 1-1,5 см. Со кружен калап вадете кругови и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Крофните покријте ги и оставете да нараснат уште 45 минути. Нараснатите крофни печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути. Испечените и топли крофни премачкајте ги со растопен путер и посипете ги со кафеав шеќер и цимет. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Печени крофни со јаболка и цимет.