кајгана од белки

Брза кајгана од белки со тиквичка

Кога сме кај брзите и едноставни рецепти, можеме да кажеме дека ние сме голем обожавател и секогаш ни се добредојдени. А овој пат со големо задоволство го споделуваме рецептот на Катерина за брза кајгана од белки со тиквичка.

Ни се допадна од повеќе причини. Прво се приготвува брзо и лесно. Второ, никогаш не сме ја пробале оваа комбинација со белки и тиквичка. Трето, рецептот е идеален за лица кои се алергични на жолчка, а може да го јадат и оние кои се на диета или практикуваат исхрана богата со протеини. Катерина за овој рецепт вели: „Брзо и вкусно, ви препорачувам да ја пробате и оваа комбинација на кајгана со белки, која јас често ја правам со разни додатоци“.

кајгана со белки

Состојки:

  • 4 белки од јајце
  • 1/2 помала тиквичка
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици грана (сирење слично на пармезанот, но со појак вкус)
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Лукот ситно исечкајте го.
  2. Тиквичката изрендајте ја на крупната страна од рендето.
  3. Во тава на оган ставете масло да се загрее.
  4. Во загреаното масло додајте ги сечканото лукче и ренданата тиквичка.
  5. Пржете додека тиквичката омекне.
  6. Белките ставете ги во подлабока чинија. Посолете ги и наросете со мелен црн пипер.
  7. Додајте ја граната и изматете ги со виљушка за да се соединат.
  8. Потоа додајте ги во тавата со запржената тиквичка. Пржете ги околу минута до две. Готовата кајгана од белки до тиквичка послужете ја за појадок или вечера со салата, парче леб или сос по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите совршена кајгана?

Сподели: