Здрава проја со моркови и ленено семе - без глутен.

Здрава проја со моркови и ленено семе – без глутен

Специјално за сите обожаватели на здрави оброци, припремивме за вас уште еден рецепт за вкусна проја со моркови и ленено семе. Слично како и претходно објавените рецепти за здрава проја со блитва и здрава проја со семиња  не содржи глутен, и погодна е за сите кои внимаваат на телесната тежина да биде во рамките на нормала.

На кратко само ќе споменеме неколку збора за глутенот, бидејќи има луѓе за кои навистина е важен и се соочуваат со здравствени потешкотии поврзани со неговото влијание. Глутенот е протеин кој се среќава во група житни растенија, како што се пченица, ‘рж, јачмен, а неговата улога е да и помогне на храната да ја задржи својата форма, заради што често се опишува како леплива растеглива материја. Сензитивноста на глутен е дефинирана како повлекување на симптомите по елиминирање на храната која го содржи глутенот,а повеќе за симптомите може да дознаете тука.

Оваа здрава проја со моркови и ленено семе можете да ја јадете за појадок, да ја понесете за ужинка на работа или да ги почестите пријателите со малку поздраво мезе, затоа што одлично се вклопува со разни намази, павлака, јогурт, маслинки. Во продолжение разгледајте неколку домашни намази и сосови по наш предлог (за да ги отворите само кликнете врз зборот): зазики сос, тартар сосдомашен намаз од крем сирење, здрав намаз од маслинки, вегетаријански намаз од зеленчук итн.

Здрава проја со моркови и ленено семе - без глутен

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад за матење најпрво изматете ги јајцата со миксер додека се појави трага од маталките при матењето.
  2. Морковите измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, а листот блитва исто така измијте го и ситно исечкајте го. Додајте ги во садот со јајцата.
  3. Додајте ги и млаката вода, сирењето, лененото семе, пченкарното брашно и прашокот за печиво, а потоа со помош на лажица убаво измешајте.
  4. Печете по загреана рерна на 180-190 степени за време од 20-25 минути.

На здравје!

Сподели: