шопска-салата

Рецепт за шопска салата

Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион. 

За шопската салата може да се каже дека е омилената салата која традиционално се припрема во Македонија. Во различните краеви во Македонија, може да се најдат варијации за количината на состојките кои се користат за подготовка на оваа салата. Сепак, основните состојки се домати, краставица, пиперки и бело сирење.  Со чашка ракија и добро друштво, вкусот на оваа салата е најдобар.

шопска-салата

Состојки:

  • 2 домати
  • 1 мала главица кромид
  • 1 краставица
  • 1 зелена лута пиперка
  • бело овчо сирење
  • масло по потреба
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Краставицата излупете ја и исечкајте ја на коцки со големина од 1 см. Доматите исто така исечкајте ги на коцки.
  2. Кромидот исечкајте го ситно. Краставицата, доматите и кромидот ставете ги во чинија, посолете ги по вкус, ставете сончогледово масло и убаво измешајте.
  3. Потоа ставете ја ситно сечканата лута пиперка и на ситно изрендајте го овчото сирење. Приготвената шопска салата послужете ја со чашка ракија.

Сподели: