витаминско смуди со киви

Витаминско смуди со киви и боровинки

Еве нова идеја за смуди со киви, боровинки и банана. Интересна комбинација за добро здравје! Кивите и боровинките се добро познати  по многуте здравствени придобивки, што го прави ова смуди одличен избор  како оброк за пред вежбање или за намалување на килограмите.

Некои од здравствените придобивки кои ги нуди ова здраво смуди со киви и боровинки се:

  • богато е со манган
  • задоволува 165% од дневните придобивки со витамин Ц
  • богато е со антиоксиданси, особено полифеноли, кои доаѓаат од боровинките
  • задоволува преку 40% од дневните потреби од калциум
  • задоволува 35% од дневните потреби за растителни влакна
  • е добар извор на пробиотици, бактерии кои го чуваат дигестивниот тракт здрав.

Освен тоа, сите состојки се лесно достапни преку целата година, па е одличен избор за сите генерации.

смуди со киви и боровинки

Состојки:

  • ¾ чаша јогурт
  • 1 киви
  • 1 чаша замрзнати боровинки
  • 1 банана
  • 1/8 чаша млеко

Подготовка:

  1. Млекото ставете го во блендерот, потоа додајте ги јогуртот, бананата и кивите. Миксирајте ги добро, а потоа додајте ги замрзнатите боровинки.
  2. Измиксирајте уште еднаш. Готовото смуди со киви и боровинки ставете го во чаши и послужете го веднаш.
  3. Ако сакате погуст пијалак, претходно може да ги замрзнете бананите и кивите. Ако сакате потечно смуди, одмрзнете ги сите зеленчуци или додајте повеќе млеко. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од боровинки и јогурт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: