Анти-стрес смути со портокали и банани

Започнете го денот со кремасто и хранливо смути со портокали и банани! На овој начин ќе го обезбедите организмот со витамини и минерали, како витамините од групата Б, Ц, растителни влакна, калциум, калиум и бета-карорен. А, што е поважно ќе го намалите стресот, па затоа го препорачуваме смутите за време на празниците и сезоната на настинки и грип.

Вкусот е тропски и освежителен, па сигурни сме дека рецептот ќе му се допадне на секој.

смути со портокали

Состојки:

  • 2 банани
  • 1 чаша свежо цеден сок од портокал
  • 1 портокал
  • ¾ чаша бадемово или ниско маслено млеко
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 морков
  • мраз (доколку не користите замрзнати банани, додајте мраз по желба).

Подготовка:

  1. Бананите исечете ги на парчиња и ставете ги да се замрзнат за време од 2 часа. Но, доколку не сте ги замрзнале, може да го направите смутито веднаш, само што ќе додадете мраз по желба.
  2. Портокалот и морковот исечете го на парчиња.
  3. Во блендер ставете ги сокот од портокал, млекото, екстрактот од ванила, замрзнатите банани, сечканиот портокал и парчињата морков.
  4. Доколку блендерот има опција за смути, вклучете ја опцијата и миксирајте ги состојките за време од 30 секунди до минути, додека добиете хомогена смеса.
  5. Готовото смути со портокал ставете ги во чаша и послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Смуди од портокал и јаболко. 

Сподели: