питулици со тиквички

Битолски питулици со тиквички

Може да се каже дека во Битола има многу вкусни специјалитети кои често ги приготвуваат домаќинките. Еден традиционален рецепт кој се припрема во многу домови се така наречените мрсни питулици. Мали, пржени топчиња од тесто, кои се служат за појадок или за ужина.

Еден предлог за питулици со тиквичка ни испрати Клара. Таа вели: „Овој рецепт е обид за имитација на тиквичките кои ги спрема тетка Лиле во нејзиниот ресторан. Да се разбериме, нејзините се далеку поубави и повкусни, па до следниот обид или можеби откривање на тајната како ги спрема, за утеха еве ги овие, како „предгрупа“ за нив. Одлични се топли и ладни. Можи да ги сервирате со изрендан пармезан или сирење по желба, да додадете во чинијата тартар сос или некој сос со кисела павлака.“

питулици со тиквички

Состојки:

  • 450 гр брашно
  • 2 тиквички
  • 20 гр свеж квасец
  • ½ мала лажичка шеќер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 70 мл топла вода
  • 50 мл газирана вода
  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца.

Подготовка:

  1. Ставете го брашното во длабок сад. Направете вдлабнатина и во неа ставете ја млаката вода, шеќерот и квасецот. Оставете да запени.
  2. За тоа време изрендајте ги тиквичките.
  3. Во садот додајте ги и останатите состојки, па на крај вмешајте ги ренданите тиквички. Покријте го садот и оставете го на топло да се дуплира волуменот на тестото.
  4. Загрејте подлабока количина на масло во тенџере или пак употребете фритеза. Земајте со лажичка од смесата и пржете ги питулиците во загреаното масло.
  5. Пржените питулици со тиквичка, ставете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот мрснотија. Послужете ги со рендано сирење и сос по желба. На здравје!

Рецептот го испатил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Брзи мекици со кисело млеко.

Сподели: