боранија во тегли

Боранија во тегли на 2 начини – едноставни рецепти

Боранијата се користи често во македонската кујна. Во лето е вообичаено да ја има во градините и пазарите, па лесно е да се подготви. Но, во зима може да се снабдите со замрзната боранија од маркет или да си имате складирана дома. Да се најде свежа е скоро неможно. Па, ви откриваме два едноставни начини за припрема на боранија во тегли, која е може да ја користите преку цела зима.

Благодарение на изобилството на витамини и минерали, боранијата многу позитивно делува на организмот. Пред сѐ, таа е исклучително хранлива намирница богата со растителни влакна, па се препорачува во диети за слабеење. Исто така, помага за регулирање на варењето на храната и подобрување на работата на цревата. Пожелно е да се консумира често, па затоа препорачуваме, складирајте си боранија во тегли за во зимскиот период кога нема да биде достапна на пазарите.

боранија во тегли

Прв начин

Боранијата измијте ја и исчистете ја. Ставете ја кратко во врела, солена вода. Потоа, наполнете ги теглите со боранија и додајте малку од водата во која е бланширана. Затворете ги теглите и ставете ги во сад за готвење. Откако ќе зоврие водата, варете 30 минути и извадете ги теглите од оган.

Втор начин

Боранијата измијте ја и исчистете ја. Пресечете ја на две или три парчиња во зависност од должината. Исечканите парчиња боранија ставете ги во врела вода. Додајте исечкан кромид, морков, црвен пипер и неколку чешниња лук и подгответе супа од боранија. Потоа, наполнете ги теглите и затворете ги. Варете ги теглите уште 30 минути и тргнете ги од оган. Вака подготвената боранија може да ја искористите за брз ручек или вечера кога и да посакате.

Совет плус:

Боранија во тегли може да се користи и за класични јадења. Може да направите вкусен традиционален ручек како што е боранија со свинско месо, печена боранија или боранија со компири.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 добри причини за да јадете боранија најмалку еднаш во неделата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: