Имаме супер рецепт за мексиканска лазања која може да ја направи секој и ви ја прикажуваме чекор по чекор! Брза, сочна и превкусна, ќе ве мотивира да ја направите во првата прилика!
„Доволни се 15-тина минути за подготовка, а гарантирам ќе ве освои! Искористете го викендот и изненадете ги најблиските со најдобрата мексиканска лазања.“ – вели Марија од нашиот тим која ја приготви лазањата.
Состојки:
- 2 лажици масло
- 300 г мелено месо
- 1 лажица Vegeta Natur чили
- мелен црн бибер од Podravka по вкус
- 600 мл вода
- 100 мл неутрална павлака за готвење
- 1 ќесичка Vegeta Fant за лазања
- 4-6 тортиљи
- ½ конзерва Тех – Мех – микс од зеленчук (црвен грав и пченка)
- 150 г рендана моцарела.
За декорација:
- домат
- 3-4 маслинки
- босилек.
Подготовка:
- Во поголема тава на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го меленото месо и пропржете го 3-4 минути. Зачинете го со една лажица Vegeta Natur чили и мелен црн бибер по вкус.
- Во тавата додајте ги водата и павлаката. Измешајте и додајте ја содржината од ќесичката Vegeta Fant за лазања. Измешајте и оставете сосот да зоврие и да се згусти. Садот тргнете го од огнот и сосот поделете го на 5 еднакви делови.
- Рерната приклучете ја да се загрева на 180 степени.
- Во сад за печење ставете од сосот, а потоа ред тортиљи. Врз тортиљите додајте од сосот, ставете од пченката и црвениот грав, и на крај поросете со моцарела (15-20 г). Потоа ставете ред од тортиљите, сос од меленото месо, микс од зеленчукот, моцарела и постапката повторете ја уште еднаш.
- На крај ставете ред од тортиљите и додајте го преостанатиот сос. Ставете малку моцарела и садот покријте го со алуминиумска фолија или капак.
- Лазањата ставете ја да се пече 15 минути. Потоа извадете ја фолијата и додајте ја преостанатата моцарела. Продолжете со печењето уште 15 минути додека моцарелата се растопи и малку порумени.
- Доматот и маслинките исечкајте ги и ставете ги врз лазањата. Декорирајте со босилек, исечете парчиња и послужете ја мексиканската лазања додека е топла. На здравје!
Совети плус:
- Лазањата може да ја приготвите во сад со големина 20*20 или правоаголен сад 25*15.
- Во зависност од големината на садот искористете 4-6 тортиљи (20 см).
- Наместо моцарела може да користите кашкавал по избор.
Автор на рецепт: Марија Кочовска.
Автор на фотографии: Симоне Калица.
*Спонзориран рецепт.