Продолжуваме да ги споделуваме најубавите рецепти од македонските блогери на Инстаграм. Овој пат Мартина ни припреми брзи бомбици со бисквити. Едноставни, а вкусни!
По начиниот на подготовка и состојките, овие бомбици со бисквити се многу слични со рецептот на Марија од нашиот тим – Брзи бомбици со 3 состојки. Па, сега имаме два рецепти кои можете да ги приготвите во зависност од состојките кои ги имате на располагање.
Состојки:
- 200 гр мелени бисквити
- 150-200 гр џем/мармалад
- шарени мрвици по желба
- 100 г бело чоколадо.
Подготовка:
- Мелените бисквити измешајте ги со мармалад од смокви или џем по избор.
- Додајте 2-3 лажици шарени мрвици. Измешајте ја смесата и формирајте бомбици. Оставете ги во фрижидер за време од 20-30 минути.
- Чоколадото растопете го на пареа. Бомбиците чоколадирајте ги и декорирајте ги со шарени мрвици. Послужете ги и на здравје!
Препорака од авторот:
„Јас ставив домашен мармалад од смокви, а вие изберете го вашиот омилен. Додадов и 2-3 лажици шарени мрвици во смесата за да се добие поинтересен изглед. Бомбиците може да ги послужите така или да ги извалкате во бисквити, кокос, мрвици или пак да им ставите чоколадна глазура.“
Автор: Мартина Трајаноска, @martinascookingg
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи бомбици со 3 состојки.