Вистинско уживање за есенските утра! Искористете ја максимално сезоната на тиквата и направете појадок кој ќе ја краси трпезата. Овие декоративни и вкусни тиквички од тесто сигурно ќе бидат омилени и на најмалите. Рецептот го најдовме на инстаграм блогот на нашата пријателка Марија, па со задоволство го споделуваме со вас.
Таа вели: „Овие тиквички од тесто се одлични за појадок во комбинација со топол чај или кафе. А може да ги послужите и со домашен џем или крем по избор. “

Состојки:
- 300 г брашно
- 80 мл млеко
- 30 г растопен путер
- 120 г пире од тиква
- 50 г шеќер
- 1 кесичка сув квасец
- 1/4 лажичка сол
- 1/2 лажичка цимет.
Подготовка:
- Во сад на оган ставете го млекото да се загрева. Додајте ги шеќерот и квасецот и почекајте околу 10 минути за квасецот да нарасне. Потоа, тргнете го садот од оган.
- Во друг сад ставете ги брашното, циметот, солта, пирето од тиква и растопениот путер. Додајте го квасецот и замесете тесто.
- Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го 1 час на собна температура за да нарасне.
- Потоа, тестото поделете го на 7 топчиња. Секое топче врзете го со коноп во форма на тиква. Врзаните топчиња оставете ги уште 25-30 минути да нараснат.
- Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 175 степени околу 20 минути.
- Испечените тиквички од тесто наросете ги со шеќер во прав и цимет по желба и послужете ги. На здравје!
Автор на рецептот: Марија Тасиќ (𝕊𝕨𝕖𝕖𝕥.𝕄𝕪.𝔻𝕒𝕪).
Ви предлагаме да прочитате: Домашен рецепт за кремасто кафе лате со тиква.