„Летно, свежо и кремасто! Уживајте во вкусот на медитаранските мезе залачиња со кремаст песто сос кои ги приготвив за роденденот на списанието Убавина и здравје! Идеални се за роденденски забави, а и за летни седенки со пријателите.
Декорирај ги со шери домати, листови босилек и препушти се на забавата. А ако користиш готов песто сос, ќе заштедиш време и ќе ги направиш за 15-тина минути.“ – вели Марија од нашиот тим.

Состојки:
- 200 г крем сирење
- 2-3 лажици песто сос
- сол по вкус
- 16 крекери
- 8 шери домати
- 16 листови свеж босилек.
За песто сос:
- 1 чаша свежи листови од босилек
- 1 лажица пињоли (може да се замени со ореви)
- ¼ чаша рендан пармезан
- 1 чешне лук
- ¼ чаша маслиново масло
- сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:
- Во блендер или сечко ставете ги босилекот и пињолите, и кратко измиксирајте. Додајте ги лукот и пармезанот, и повторно изблендирајте.
- Во блендерот постепено додавајте го маслиновото масло и продолжете со миксирање додека добиете кремаст сос. Песто сосот зачинете го со сол и црн пипер по вкус.
- Во длабок сад ставете ги крем сирењето и 2-3 лажици песто сос. Измешајте ги добро и посолете по вкус.
- Шери доматите пресечете ги на половина.
- Врз секој од крекерите ставете крем сос, парче шери домат и лист од босилек. Забавата може да започне!
Совети плус:
- За да заштедите време може да користите и готов песто сос.
- Ако си во потрага и по други рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследиме на:
- Instagram –@kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
- Ти треба идеја плус за твојата забава? – Прочитај го и овој рецепт: Брзи мезе залчиња со пилешка салата.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.