Греено вино со мед, цимет и лимон

Досега сме имале рецепт за греено вино со портокал и јаболко, а сега е време за нешто ново. Ви го претставуваме рецептот за греено вино со мед и лимон.

Она што е карактеристично при подготовка на греено вино се зачините кои се користат. Најчесто може да се додаде каранфилче, морско оревче, цимет, кора од портокал… А во овој рецепт избравме цимет и зрна црн пипер. Плус тоа, комбинацијата на црвено вино со мед се вклопува совршено! Грееното вино по овој рецепт е благо, па слободно експериментирајте со количината на мед и направете го баш по ваш вкус.

греено вино со мед

Состојки:

  • 750 мл црвено вино
  • ¾ чаши вода
  • ¾ чаши мед
  • 15 зрна црн пипер по желба
  • 1 стапче од цимет
  • кора од еден лимон.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги виното, водата, циметот, пиперот и медот (ако не обожавате многу благо вино, додавајте мед по потреба). Виното греете го додека забележите пареа и почне малку да вари.
  2. Готовото греено вино со мед турете го во стаклени чаши. Сервирајте го со кора од лимон и стапчиња цимет по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Едноставнo подгответе домашно греено вино.

Сподели: