Освежителниот сок од бозел повеќето нѐ потсетува на детството. Иако, мал е бројот на оние кои го обожавале овој сок како деца, тој е особено лековит и им се препорачува на возрасните поради многубројните терапевтски својства кои ги поседува.
Бозелот е растение кое може да се користи за превенција и лечење на многу болести поради своите терапевтски својства. Ова растение расте во запуштените делови близу населените места, а лековитите делови се млади изданоци кои се берат на пролет. Чајот од листовите и плодовите од бозел најчесто се користи за прочистување на крвта и против дијабетес, додека само цветовите помагаат во лечењето на настинка, респираторни заболувања и реума. Дури и кората од стеблото на ова растение е лековита, а најчесто се користи за лечење на воспалителни процеси на уринарниот тракт, го олеснува процесот на мокрење и ја потпомага работата на бубрезите и мочниот меур. Но секако, еден од најпознатите производи од бозел е сокот, кој повеќето домаќинства сѐ уште редовно си го подготвуваат. Сокот од бозел е особено корисен за пушачите, бидејќи неговата редовна консумација го ублажува кашлањето. Тој го прочистува организмот и ги ослободува бронхиите.

Состојки:
- 45 цветови од бозел
- 6 цедени лимони
- 5 литри вода
- 3 кг шеќер
Начин на подготовка:
- Свежите цветови од бозел темелно измијте ги, потопете ги во 5 л. ладна вода и оставате ги да стојат 24 часа на ладно и темно место.
- Потоа во водата исцедете ги лимоните, додајте го шеќерот и оставете го растворот да стои уште дополнителни 24 часа. Течноста повремено мешајте ја со цел шеќерот да се растопи во ладната вода.
- Вака подготвениот сок процедете го низ стерилна газа и турете го шише. Сокот чувајте го на ладно и темно место.
- Сокот се пие така што во една чаша се додава 1/3 од сокот, а остатокот се разблажува со вода. Овој сок е навистина едноставен за подготовка, а многу освежителен за претстојните летни денови.
Ви препорачуваме да прочитате: Направете 3 литри домашен сок од портокал и 2 лимони.