За повеќето готвачи екстрактите се многу важна состојка при подготовка на храна, а особено тоа се однесува на десертите. Повеќе од јасно е дека квалитетните екстракти не се секаде и секогаш достапни, па затоа имаат и повисока цена.
Со цел да заштедите, но и да избегнете залудно шетање по маркети, најдобро е да направите домашни екстракти кои ќе ви бидат достапни во било кое време. Направете екстракт од ванила, портокал, кафе, кокос… и уживајте во омилените колачи или коктели.
Состојки:
- тегли (за секоја арома посебна тегла)
- вотка или бел рум
- декоративни шишиња
- 3 до 4 стапчиња ванила
- кора од 2 портокали или лимони
- ¼ чаша пасирано и добро процедено свежо овошје по желба
- ¼ чаша свежи исечкани листови од нане
- 1 мал кокос (направете отвор за да се исцеди водата од внатрешноста и зачувајте ја како енергетски пијалак, а кокосот искршете го, отстранете го белиот дел и изрендајте го)
- 4 лажици мелени зрна кафе
- 6 лажици мелени бадеми
Подготовка:
- Истата подготовка важи за сите горенаведени состојки. Секоја состојка посебно се става во различна тегла и се прелива со по 250 мл вотка.
- Теглата добро се затвора и се протресува, па се остава на ладно, суво и темно место за време од 4 до 6 недели. Два пати во текот на неделата, теглата се протресува со цел соединување на аромата.
- Готовите екстракти, процедете ги и соберете ги во шишиња.

Слика: Flickr