Домашни мини бургери

Совршени мини бургери за вас и вашите деца! Одличен избор за детски родендени, коктел забави или мезе за пријателите. Лесно се подготвуваат, а потребни ви се само неколку состојки. Во рецептот се користат готови лепчиња за сендвичи, но ако имате желба и време можете да си ги направите дома. Рецептот за подготовка на домашните лепчиња прочитајте го тука.

А во продолжение ви го откриваме како да ги направите највкусните домашни мини бургери. Не двоумете се, пробајте ги!

Домашни мини бургери

Состојки:

  • 600 г мелено месо од Агриа
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мешан зачин
  • буковска пипер
  • 12 лепчиња за сендвичи
  • 4 лажици сенф
  • 4 лажици кечап
  • 2 домати
  • 12 листови кашкавал
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го или изрендајте го.
  2. Во сад ставете го меленото месо, додајте го кромидот и зачинете мешан зачин, буковска пипер и црн пипер. Убаво измешајте и формирајте 12 мали плескавици.
  3. Лепчињата за сендвичи пресечете ги на половина.
  4. Тавата за пржење премачкајте ја со масло. Ставете ги лепчињата и кратко потпечете ги. Потоа, премачкајте ги со сенф и кечап.
  5. Плескавиците од мелено месо испржете ги од двете страни, додека добијат убава боја.
  6. Доматите исечете ги на 12 тенки кругови.
  7. Врз едната половина од лепчето ставете плескавица, лист кашкавал и по едно парче домат. Ставете ја втората половина од лепчето. Постапката повторете ја со сите бургери.
  8. Готовите мини бургери сервирајте ги и послужете ги. На здравје!

Совети плус:

  • Месото со зачините може да го оставите неколку часа во фрижидер, а потоа да го испржите.
  • По желба, при подготовката на бургерите додајте и листови зелена салата.
  • За подготовка на рецептот, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. За да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е домашно со врвен квалитет, бидејќи Агриа работат по принципот од „нива до трпеза“. Имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња.
мини бургери

За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Пирошки со фил од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: