Нема човек кој може да одолее на вкусни домашни крофни, а веруваме дека децата особено им се радуваат. Па, овие празници израдувајте ги најмалите и направете меки празнични крофни!
Вклучете ја вашата креативност и имагинација, поканете ги децата и заедно со нив украсете ги со празнични мотиви. Сѐ што ви е потребно е само малку слободно време, креативност и добар проверен рецепт за крофни. А, ние имаме супер рецепт со кој ќе ги направите највкусните, најмеките и највоздушестите крофни кои сте ги пробале.

Состојки:
- 500 г брашно
- 50 г шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 20 г свеж или пак 7 г сув квасец
- 230 мл топло млеко
- ½ лажица рендана кора од лимон
- ½ лажица рендана кора од портокал
- 1 цело јајце и 2 жолчки
- 50 г растопен путер на собна температура
- прстофат сол
- Брилијант масло за пржење.
За декорација:
- 100 г Синтагма млечна табла за торти (чоколадо за готвење)
- 100 г Синтагма какао табла за торти
- прехранбени бои по избор.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги топлото млеко, шеќерот, ванилиниот шеќер, квасецот и 1 до 2 лажици брашно. Добро измешајте. Садот покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место околу 15 минути за да се активира квасецот.
- Во садот додајте ги преостанатото брашно, кората од ренданите лимон и портокал и прстофат сол.
- Јајцата изматете ги и додајте ги во брашното.
- Во садот за месење додајте го растопениот путер и замесете еластично и меко тесто. Може да користите миксер за месење. Во тој случај би било доволно околу 10 минути за месење. При тоа, имајте во предвид дека треба да добиете меко тесто, па затоа не додавајте поголема количина на брашно од наведената.
- Вака замесеното тесто ставете го во сад, покријте го со прозирна фолија и оставете го да нарасне околу еден час.
- Врз добро набрашнета работна маса, со помош на сукало развлечете го тестото во кора со дебелина од околу 1 см.
- Со калап или со чаша вадете форми од тестото. Доколку сакате крофните да имаат отвор на средина, употребете помал калап или чаша за ракија.
- Оформените крофни оставате ги да нараснат дополнителни 20 до 30 минути.
- Пржете ги во добро загреано Брилијант масло по 2 минути од двете страни. Пржените крофни извадете ги и ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Чоколадата растопете ги на пареа. По желба во белото чоколадо додајте прехранбена боја. Крофните чоколадирајте ги и украсете ги по желба со новогодишни мотиви. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Новогодишни елки од корнeти со чоколаден фил.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.