Еврејска торта

Еврејска торта со светка убавина! Кремасто вкусно уживање во секое залче, па да ја пробаме. Оваа кремста торта со вкус на бело чоколадо и лешници ја направи Невена, а толку вкусно изгледа, што секого го мами да ја направи и дегустира.

еврејска торта

Состојки:

  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 200 гр потпечени мелени лешници
  • 1 ќесичка прашок за печиво.

Фил:

  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 250 гр путер на собна температура
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр белo чоколадo.

За украсување:

  • 150 мл слатка павлака
  • украсни трошки по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво се прави пандишпанот. Во длабок сад за матење се ставаат белките и шеќерот. Се матата со миксер додека се добие цврст шлаг.
  2. Потоа, во садот со белките се додаваат брашното, лешниците, печивото и се мешаат со голема лажица за смесата да се изедначи.
  3. Смесата се става во плех намачкан со путер и потоа набрашнет, се рамни и се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 15 – 20 минути.
  4. Во меѓувреме се подготовува филот. Жолчките се матат со миксер заедно со 10 лажици шеќер, а потоа се варат на пареа додека да се згуснат, по што се оставаат да оладат.
  5. Чоколадото се топи на пареа и се остава малку да се излади.
  6. Путерот се мати со шеќерот во прав, а потоа се додават жолчките и растопеното чоколадо.
  7. На крај, се матат сите заедно за убаво да се изедначи филот. Ако мислите дека филот е многу мек пред да ја филовате тортата ставете го малку во фрижидер за да се стегне.
  8. Откако филот е готов, печениот пандишпан се сече на три ленти и се филова.
  9. Одозгора и по страните украсете ја тортата со изматена слатка павлака и со украсни трошки.
  10. Готовата еврејска торта се остава во фрижидер неколку часа за да се стегне, а потоа се служи. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за популарната шах торта.

Сподели: