печено свинско месо

Едноставен рецепт за печено свинско месо

Ако ви е здосадено од комплицирани рецепти и од тоа да поминувате часови во кујната за да подготвите ручек кој ќе биде вистински специјалитет, тогаш вие сте на вистинското место! Испробајте го овој едноставен рецепт за печено свинско месо кој се прави со само неколку состојки. Откако ќе го пробате, сигурно ќе биде еден од вашите омилени рецепти.  

За да ги скратите мислите и грижите околу ручекот ви нудиме мала помош. Ваше е само да набавите намирници и да ги следите чекорите за подготовка. За овој рецепт потребни ви се зачини и свежо, квалитетно свинско месо. Дали знаете од каде може да набавите свинско месо со врвен квалитет? – Ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.

печено свинско месо

Состојки:

Подготовка:

  1. Свинскиот врат исечкајте го на шницли со дебелина од 1 cm.
  2. Шницлите убаво зачинете ги од двете страни и наредете ги во тава за печење.
  3. Во тавата додајте ловоров лист и вода. Количината на вода треба да биде околу 1 cm во тавата.
  4. Месото ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени. За време на печењето месото завртете го и од другата страна. Печете додека месото порумени.
  5. Печеното свинско месо послужете го со гарнир по желба. На здравје!
печено свинско месо

За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско месо со лук и рузмарин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: