Мекиците се добро познати традиционални креации од тесто кои се обожавани на нашите простори, а во време на пости имаме одлична можност да го пробаме рецептот за посни мекици, кој е многу едноставен и може да ги подготви секој независно дали има или искуство или не.
Состојки:
- 500 гр брашно
- 1/2 коцка квасец
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 1/2 филџан масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка ракија
- топла вода по потреба.
Подготовка:
- Во сад за месење, ставете ги сите состојки и замесете многу меко тесто.
- Оставете тестото да нарасне, а потоа со лажица измешајте го и оставете да нарасне уште еднаш.
- Од нараснатото тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
- Од секое топче со раце формирајте ги посните мекици и пржете во поголема количина загреано масло.
На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска