Едноставно направете путер од кокос 1

Едноставно направете путер од кокос

Сите ние сме слушнале за домашен путер од кикиритки, а и не е тоа така случајно, вкусот му е навистина одличен. А, сега, како обожаватели на тропските и егзотични вкусови, ќе ви го презентираме рецептот како да направите путер од кокос.

Од неколку основни намирници и тоа сами дома, на едноставен начин можете да направите вкусен и ароматичен путер од кокос. Кокосовото масло, кое е една од намирниците во состав на путерот е одлично и има многу намени, па можете да го користите и за подготовка на домашен пилинг за тело.

Едноставно направете путер од кокос 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Подготовката на путерот од кокос е едноставна, но потребен ви е кујнски апарат како мултипрактик или блендер.
  2. Ставете ги сите состојки во блендерот и оставете да се блендаат најмалку 1 минута, додека кокосот повторно не се претвори во мрвици.
  3. Отворете го капакот и истружете ги наслагите од ѕидовите, па повторно пуштете го да блендира уште неколку минути.
  4. Постапката повторувајте ја додека добиете путер.
  5. Готовиот путер од кокос складирајте го во тегличка и чувајте го на темно и ладно место.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами путер од кикиритки.

Сподели: