Есенски колач со тиква мала

Есенски колач со тиква и цимет

Тиквата е кралица на есента! Па, време е да ги направиме највкусните есенски десерти и да уживаме во мирисот на топло печен колач со тиква и цимет!

Подготовката на овој колач е едноставна и нема потреба од миксер. Направете го колачот и послужете го со шлаг или сладолед и препуштете се на гурманската магија во својот дом. 

есенски колач со тиква

Состојки:

  • 2 чаши Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 1 ½ чаша шеќер
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 мала лажичка цимет 
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 3 јајца
  • ½ чаша масло
  • 2 чаши пире од тиква (варена и пасирана тиква). 
Есенски колач со тиква

Подготовка:

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 180 степени. 
  2. Два правоаголни калапи (димензија 22*11) см, обложете ги со хартија за печење. 
  3. Во голем сад ставете ги сувите состојки: пресеаното брашно, шеќерот, содата, прашокот за печиво, циметот и ванилиниот шеќер. Измешајте ги за да се соединат состојките. 
  4. Во друг длабок сад ставете ги влажните состојки: трите јајца, маслото и пирето од тиква. Измешајте ги со жица за матење додека се соединат. 
  5. Во садот со сувите состојки, додајте ја смесата со пирето од тиква. Измешајте со жицата додека се добие хомогена смеса. Смесата за колачот распредете ја во калапите. 
  6. Калапите ставете ги во рерната и печете ги 45 до 55 минути. По потреба, проверете со чепкалка дали колачот е испечен. 
  7. Печените колачи извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат 10-15 минути. Потоа извадете ги од калапите и оставете ги целосно да се изладат врз кујнска решетка, пред да ги послужите. Сервирајте ги со чај или кафе. На здравје! 

Совети плус: 

  • Времето на печење на колачот зависи од рерната и бојата на калапот. Во калапите со посветла боја, времето на печење е подолго. 
  • Пронајди ги промотивните пакувања на Екстра белото брашно од Жито Лукс и направи ги највкусните есенски десерти и јадења. Побарај ги сетовите 3+1 гратис во најблискиот поголем маркет. 

Гласај во креативниот предизвик #СамСвојШеф! 

И за крај те предизвикувам да гласаш на креативниот предизвик од Жито Лукс. Кликни тука и поддрши ги креативните натпреварувачи. 

Гласањето започнува на 28.10 и завршува на 30.10 во 18:00 часот. ​

Halloween предизвик

Првите 3 слики со најголем број на гласови ќе добијат:​

  • Апарат за палачинки
  • Апарат за вафли
  • Миксер.

Наградната игра за автомобилот и вредните награди трае уште кратко! Искористи ги последните денови за да учествуваш! 

Купи барем еден тост леб од Жито Лукс и прати СМС порака на бројот 149 444, со бројот на фискалната сметка и времето на купување.​

Пример: #1234 13:45 

Секоја СМС порака учествува во неделното извлекување, а сите недобитни СМС пораки испратени во текот на целата наградна игра, учествуваат во главното извлекување кое ќе се одржи на 11.11.2024 год.​

Побрзај, повеќе СМС пораки, повеќе шанси за добивка. Ако ти треба помош за да учествуваш, погледни го видеото тука. 

Жито Лукс наградна игра

Може да те интересира: Чоколадна торта со вишни – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: