На наше големо задоволство имаме нов рецепт за боранија! Сигурно и вие знаете дека боранијата е многу здрава и треба почесто да се најде на трпезите. Најверојатно ја приготвувате како манџа, но вреди да направите промена и да го пробате овој фантастичен рецепт за запечена боранија со јајца.
Изобилува со зеленчук, лесно се прави, па ќе биде дел од нашето неделно мени. Идејата ни доаѓа од кујната на Лана која рецептот го објави на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone. Ви препорачуваме да го пробате и да ни пишете како ви се допаднало ова главно јадење. Вегетаријански избор, без глутен за целото семејство.

Состојки:
- 500 грама исчистена боранија (свежа или замрзната)
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 лажица мелен црвен пипер
- 1 лажица брашно
- сол и црн пипер по вкус
- 300 мл млеко
- 2 јајца.
Подготовка:
- Кромидот и морковот ситно исечкајте ги.
- Во тенџере на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ситно сечканите кромид и морков. Пропржете ги додека кромидот омекна. Во тенџерето додајте ја боранијата и налејте вода колку да го покрие зеленчукот.
- Зачинете по вкус со сол и мелен црн пипер. Оставете зеленчукот да се вари за време од 20 минути додека омекне. На крајот од варењето додајте и мелена црвена пипер по желба.
- Млекото турете го во длабока чинија или мало тенџере. Додајте ги јајцата и изматете со виљушка за да се добие хомогена смеса.
- Боранијата ставете ја во тава за печење. Потоа во тавата додајте ги изматените јајца. Тавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути.
- Пред служење тавата поросете ја со сечкан магдонос. Топлата запечена боранија послужете со кисело млеко по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Салата со боранија, моркови и пченка.