Колку се радуваме на ваквите вкусни и здрави рецепти! Овој пат од кујната на Катерина ни доаѓа рецепт за домашен, здрав и посен пудинг со праски и чиа семе.
Идејата е одлична од повеќе причини. Пудингот е приготвен без шеќер, не содржи глутен и е идеален за лица кои имаат интолеранција на лактоза. Супер засладување за време на пости или во било кој ден. Топло препорачуваме да го пробате!

Состојки:
- 400 мл бадемово млеко
- 4 лажици мед
- 2 (помали) праски
- 4 лажици пченкарен скроб (густин)
- 2 лажички чиа семе
- неколку сечкани бадеми.
Подготовка:
- Праските излупете ги и испасирајте ги или грубо изблендирајте ги.
- Во пасираните праски додајте го скробот и убаво измешајте.
- Во тенџере на оган ставете ги млекото и медот. Штом млекото зоврие, во тенџерето додајте ја смесата со праски и скроб. Варете го пудингот со постојано мешање, за време од 5 минути на ниска температура.
- Во садовите за послужување ставете половина од пудингот.
- Одозгора ставете 1 лажичка чиа семе. Врз семето ставете го преостанатиот пудинг.
- Посипете со малку сечкани бадеми. Оставете го пудингот да се излади, а потоа послужете го. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Здрав пудинг со чиа семе без шеќер.