Ова е моето омилено смути на сите времиња! Толку добро и лесно, енергично и освежително, совршено за хранење, но и детокс на организмот! Слатко, а без шеќер, хранливо и здраво калорично, без глутен, совршен спој од состојки! Често ви го спомнувам син ми и сега ќе ви кажам пак, уште од најмал ми е идеално гурманско друштво и секое „Мама сакам зелено смути!“, неизмерно ме радува! Имаме многу утрински фотографии како пиеме заедно, па ве охрабрувам да го пробате и понудите најдоброто зелено смути за 5 минути на вашите сакани, на децата, на родителите, на пријателите и да направите свои спомени.
Сите кои ги почестив ми побараа да споделам, па тоа и вашите гласови на моите профили, за што вкусно сакате да ви зготвам, ми беше инспирација за да го споделам овој рецепт во видео формат. Се надевам ќе уживате бескрајно во вкусот и енергијата која ја дава, исто како и јас, како и ние дома и сите што ги почестив. Сезоната на спанаќ само што започна! А, ако сакате да ме заследите, посетете ги и моите профили на Facebook – Катерина Шамбевска Спасеновска или Instagram – @katerina.shambevska.

Состојки:
- 12-15 ливчиња спанаќ
- 1 јаболко или 2 ако се многу мали
- 1 лажица Natura фини овесни снегулки
- 1 лажица Natura семе од чиа
- 1 лажиче Natura ленено семе
- 10 бадеми
- 1 лажиче Natura лупен сончоглед
- 1 лажиче Natura семки од тиква
- 250 мл сок од портокал (цеден или 100% по декларација).
Подготовка:
- Спанаќот измијте го и оставете го кратко да се исцеди.
- Јаболкото измијте го, по желба излупете го и исечкајте го на парчиња.
- Во садот за блендирање прво ставете го спанаќот, за потоа да го потиснете со парчињата јаболко.
- Додајте ги овесните снегулки, чиа семето, лененото семе, бадемите, сончогледот, семките од тиква и сокот од портокал.
- Блендирајте околу 30 секунди до 1 минута, зависно од блендерот, додека сите состојки се соединат. Послужете и на здравје!
Состојките и подготовката на зеленото смути може да ги погледнете на видеото:
Совети плус:
- Јас лично повеќе го обожавам со јаболко, но ви ја откривам мојата „тајна“ опција за замена. јаболкото може да го замените со банана, проверено ми е, ароматично и превкусно со покремаста текстура.
- Во случај да сте алергични на глутен, набавете овесни снегулки со декларација без глутен.
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е подджан од Натура.