Пробајте го нашиот зелен ајвар кој изобилува со уникатен и богат вкус! Рецептот сме го испробале многу пати и секогаш сме задоволни од неговите вкусните сензации, па топло го препорачуваме за секој дом.

Состојки:
- 1 вреќа зелени пиперки (околу 25-30 кг пиперки)
- 10 средно големи црни домати
- 1,5 литри масло
- 100 грама шеќер
- околу 50 мл винска киселина
- сол по вкус
- 4 лажици сенф.
Подготовка:
- Пиперките најпрво се мијат, а потоа им се отстрануваат дршките и семките. Со оваа постапка ќе можете полесно да ги отстраните заостанатите семки кога пиперките се веќе печени.
- Така припремените пиперки се печат и се собираат во поголем сад затворен со капак за што подобро и полесно лупење.
- Излупените пиперки, исчистени од заостанатите семки и црни лушпи, се процедуваат барем неколку часа или преку ноќ.
- Потоа, пиперките се мелат ситно со рачна машина и се ставаат на оган да се пржат.
- Откако течноста од пиперките ќе испари и се запжрат се додаваат претходното припремените црни домати. Тие се припремаат така што се лупат, се печат во рерна и се мелат (можете да ги испечите цели со се кора, па да ги лупите и измелите, а на кој начин и да изберете ајварот ќе биде вкусен).
- Повторно кратко се пропржува, а потоа се додаваат маслото, киселината, шеќерот и солта и добро се меша.
- Пржењето трае околу 2 часа, а можете да препознаете дека е готов, кога ајварот е доволно густ и се „лепи“ на дрвената лажица со која мешате.
- Пред да го отстраните тенџерето од огнот, 10-тина минути пред крајот на пржењето се додава сенфот.
- Готовиот топол ајвар се собира во тегли затоплени на 50 степени, добро се затвора и така затворени се оставаат да стојат на истата температура уште 15-тина минути.