јадете барем 4 бадеми секој ден 1

Зошто треба да јадете барем 4 бадеми секој ден?

Со само неколку бадеми на ден може да го подобрите здравјето на срцето, помагаат во борбата против дијабетесот и Алцхајмеровата болест. Најдобро е да се консумираат непечени и несолени. Во продолжение дознајте кои се здравствените придобивки од секојдневната консумација на барем 4 бадеми секој ден.

Бадемите се ем вкусни, ем хранливи и претставуваат одлична замена за купечките грицки. Тие содржат многу материи кои го хранат нашето тело и нѐ прават здрави. Доколку секојдневно консумирате бадеми, тогаш со нив внесувате и многу хранливи материи. Бадемите се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, се природен извор на растителни влакна, а содржат многу малку шеќери. Тие не содржат холестерол и се богат извор на незаситени масни киселини. Од сите јаткасти плодови содржат најголема количина на рибофлавин (витамин Б12) како и ниацин (витамин Б3).

јадете барем 4 бадеми секој ден 2

9 придобивки од консумацијата на бадеми

Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Бадемите се познати по својата моќ за намалувањето на лошиот холестерол. Затоа, превентивно треба да се јадат по неколку бадеми секој ден. Доколку, нивото на холестерол ви е веќе покачено, тогаш обидете се да го зголемите дневниот внес на барем 20-30 бадеми на ден.

Ја прават косата здрава и цврста

Бадемите содржат неколку витамини потребни за подобрување на растот на косата, а истовремено и ја зајакнуваат. Познато е дека магнезиумот и цинкот го поттикнуваат растот на косата, а витаминот Б пак ја прави сјајна и долговечна.

Ги намалуваат срцевите заболувања

Бадемите се богати со антиоксиданти, монозаситени масти, магнезиум и бакар. За сите овие соединенија и елементи се знае дека се добри за здравјето на срцето  и крвните садови. Така, јадењето на бадеми го намалува ризикот од срцев удар или од некои други заболувања на срцето. Воедно ова е и еден од најголемите здравствени придобивки од нивното секојдневно консумирање.

Го намалуваат настанувањето на брчки

Бадемите содржат манган кој го потпомага производството на колаген – протеин кој е одговорен за задржување на тоусот на кожата. Содржи и витамин Е кој помага против стареењето.

Ја обновуваат цревната флора

Лушпата на бадемите содржи пребиотици потребни за раст и размножување на добрите цревни бактерии. Доколку дојде до нерамнотежа на овие бактерии, може да се појават симптоми како болки во стомакот, непријатен мирис на здивот и проблеми со дигестијата на храната. Затоа се препорачува секојдневна консумација на бадеми.

Го помагаат процесот на слабеење

Консумирањето на бадеми ќе ве поттикне да јадете многу помалку јаглехидрати во текот на денот. Го нормализираат метаболизмот, што исто така придонесува за губење на тежината. Содржат и растителни влакна кои даваат чувство на ситост.

Ја подобруваат мозочната активност

Бидејќи бадемите содржат витамин Е, го потпомагаат и подобруваат помнењето. Секако само доколу редовно се консумираат. Овие јаткасти плодови исто така го успоруваат процесот на старење на мозокот.

Го намалуваат ризикот од рак на дебело црево

Секојдневната консумација на бадеми може драстично да ја намали појавата на лезии кои водат до рак на дебело црево.

Помагаат против камен на жолчка

Редовната консумација на бадеми со поврзува со намалена појава на камен на жолчката. Тоа е така, затоа што бадемите го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Ви препорачуваме да прочитате: Бадеми – една од најздравите намирници во светот.

Сподели: