Обожавате ли американски палачинки? Време е да го пробате овој нов рецепт за интегрални американски палачинки со банана.
Подготовката на овие палачинки е многу едноставна. Потребни ви се состојки кои секојдневно ги користите во кујната, како интегрално брашно, јајца, банана, млеко и кисело млеко. А за подобрување на вкусот, додадовме малку цимет, ванила и кафеав шеќер.

Пред да започнете со подготовка, би сакале да ви дадеме некои насоки за да добиете најдобар резултат. Прво, не го избегнувајте кафеавиот шеќер. Тој ќе го подобри вкусот, а количината која се додава е многу мала. Второ, користете зрела банана. Потребна ќе ви биде една банана, а може да искористите и друга за сервирање. Трето, не претерувајте со мешање на смесата за палачинки. Доколку многу ја мешате ќе добите тврди и цврсти палачинки. И не заборавајте дека тавата во која ќе ги печете палачинките ќе треба да биде убаво загреана.
Состојки:
- 1 и 1/3 (167 грама) чаша интегрално брашно
- прстофат сол
- 2 мали лажички прашок за печиво
- 1 мала лажичка цимет
- 1 големо јајца (или 2 белки)
- 1 чаша млеко
- ½ чаша пасирана зрела банана (1 голема)
- 2 лажици кафеав шеќер
- ¼ чаша кисело млеко
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- ½ чаша чоколаден чипс или овошје, по желба.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги брашното, солта, прашокот за печиво и циметот. Измешајте ги со лажица.
- Во друг сад, со помош на жица за матење, изматете ги јајцата, млекото и бананата. Додајте ги кафеавиот шеќер и киселото млеко. Добро измешајте и додајте ја ванилата.
- Потоа, течните состојки додајте ги во садот со брашното. Измешајте кратко додека се добие хомогена смеса.
- На шпоретот, на умерена температура ставете тава за палачинки да се загрева. Намрсете ја, а штом се загрее ставете ¼ чаша од смесата. Штом забележите дека краевите се печени и започнале да се формираат меурчиња во средината, превртете ја палачинката и продолжете со печењето уште 2 минути. Намрсете ја тавата и повторете ја постапката додека го потрошите тестото. Печените палачинки послужете ги веднаш. А доколку ви останат може да ги замрзнете и да ги употребите во рок од два месеци. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за највкусните американски палачинки.