Болката во грбот или половината е најчеста болка на современиот човек. Таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка.
Речиси секој човек денеска страда или почувствувал болка во грбот. Покрај советите од лекар, исхраната има значајна улога за одржување на здравјето на грбот и половината, како и намалување на симптомите при заболувања на дискусите и прешлените (Дискус херниа, дископатија).
Храна која се препорачува при болки во грбот и половината
За да се зачува здравјето на коските се препорачува храна богата со калциум како што се:
- млеко
- јогурт со мал процент на масти
- сирење од типот Едам, Чедар и Пармезан
- бамја, црвен грав, печен грав
- јаткасти плодови како што се бадем, лешник, орев, семе од сусам и таан паста
- сардини и лосос
- смокви и кајсии
- тофу, соја и јајца
- глукозамин сулфат.

Исто така за зајакнување на половината на ниво на клетка се препорачува да се консумира:
- морски плодови: краби, шкампи, мали ракчиња и школки
- зелен лиснат зеленчук: спанаќ, аспарагус, блитва
- црвено овошје и зеленчук: црвени пиперки, цвекло, домати, боровинки и капинки
- црни маслинки и маслиново масло
- црвен кромид и јаболка (богати се со состојка наречена кверцетин која има природни антиинфламаторни состојки)
- ленено и чија семе
- грав
- риби: сардини, харинга, лосос и скуша
- тиква
- чиста вода: Доколку имате болки во половината важно е да бидете хидрирани, односно да внесуваат доволни количини на вода. Тоа ќе го поттикне процесот на рехидратација и заздравување на дегенерираните дискуси. Во овој период се препорачува да консумирате 8 до 10 чаши на вода во текот на денот.
Храна која треба да се одбегнува при болки во грбот и половината
Одредени намирници кои што содржат нитрати, шеќери и масти можат да го влошат воспалението и да ги засилат болките во грбот и половината. Затоа треба да се обрне внимание на храната која се консумира. Се препорачува минимално да се намали внесот и да се ограничи консумацијата на:
- преработена храна, која е богата со нитрати (особено преработки од месо, салами, колбаси, виршли и останати сувомеснати производи)
- храна богата со шеќер, заситени и транс масти
- храна која содржи фруктозен пченкарен сируп.
Правилниот избор на храна, континуираните вежби одредени од лекар и терапевт, одржувањето на здрава телесна тежина, физичките активности, го намалуваат ризикот од повторување на болките во грбот и половината.