Ароматичната кокосова вода е всушност сокот кој се наоѓа во внатрешноста на младите, зелени и неоштетени кокоси, а се одвојува од нив откако ќе достигнат 5-7 месечна зрелост. Таа е една од најпознатите освежителни пијалаци на природата, позната по своите неверојатно хранливи и здравствени својства.
Малкумина го знаат спектакуларниот податок дека за време на Втората светска војна, Американците своите ранети војници ги опоравувале така што наместо трансфузија им давале вода од кокосовиот плод. Во прилог на тоа е податокот дека оваа вода по состав е слична со крвната плазма. Во индиските градови, речиси на секој чекор стојат луѓе кои го нудат овој напиток за да го проверат, како што кажуваат, неговото магично дејство.

Што е всушност кокосовата вода?
Кокосовата вода е бистра, слатка течност во чиј состав спаѓаат шеќери, витамини, минерали, електролити, ензими, аминокиселини и цитокини. Таа е природно освежувачки напиток што има помалку благ вкус на ореви. Во него се наоѓаат лесно сварливи јагленохидрати во облик на електролити и шеќери, што го прави одличен избор за децата и спортистите.
Зошто е здрава ароматичната кокосова вода?
- Во 200 мл вода има 38 калории и нема холестерол. Таа ќе ви помогне и во губењето на килограмите. Заради своите богати состојки, го потиснува апетитот и дава долготрајно чувство на ситост.
- Богата е со калиум. Во 100 мл кокосова вода има 182 мг калиум. Високото ниво на калиум и магнезиум во кокосовата вода им помага на луѓето кои страдаат од крвен притисок и срцеви заболувања.
- Хидрира и освежува. Кокосовата вода делува одлично на кожата, ја подмладува и ѝ помага да остане долго време хидрирана. Наместо тешки и масни кремови со кои се обидуваме да ѝ дадеме свежина на кожата, напијте се по една чаша кокосова вода секоја ноќ пред да си легнете.
- Содржи големи количини на растителни влакна заради што е одлична за системот за варење.
- Го забавува стареењето и подмладува, а ја чисти кожата. Кокосовата вода можете да ја нанесувате директно врз проблематичната кожа. Таа помага во чистењето на акните и изедначувањето на тенот на лицето.
- Добар извор на витамините од групата Б и минерали.
- Кокосовата вода ќе ви помогне и доколку претерате со пиење, бидејќи има моќ да го смири стомакот.
Ви предлагаме да прочитате: Од кокосово брашно направете кокосово млеко.