На вкусните десерти им нема крај! Овој пат ви претставуваме рецепт за колач со портокал. Одличен избор ако сакате да се засладите после ручекот и брза подготовка за ненајавени гости.

Состојки:
- 200 г брашно
- 3 јајца
- 150 г путер на собна температура
- 160 г шеќер
- 1 портокал (кора и сок).
Подготовка:
- Рерната се загрева на 180°С.
- Во сад за матење се ставаат јајцата, шеќерот и путерот на собна температура. Се матат со миксер додека се добие пенеста смеса.
- Во садот се додава брашното и смесата се меша со лажица.
- На крај, се додава сокот и претходно изренданата кора од портокал. Сместа се меша со лажица и се става во кружен плех претходно премачкан со масло или обложен со хартија за печење.
- Колачот се пече за време од 40 минути. За време на печењето, со помош на чепкалка проверете дали колачот е печен.
- Печениот колач со портокал, се остава да се излади, а потоа се сече на парчиња и се декорира по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Колач со кандирано овошје.