Крем пита со пудинг

Крем пита со пудинг

Омилените колачиња на многумина приготвени во кујната на Сѐ за храна! Совршен рецепт за крем пита со пудинг, идеален за слави и секакви свечености. Време е да си подготвите слатко, кремасто уживање за себе и за своите најблиски. Тоа ќе биде супер прилика да ги поканите пријателите и да помините убави моменти со засладување и добар разговор. 

Кремастата текстура и богатата арома на ванила за миг ќе ве натераат да заборавите на сè друго освен на дегустацијата на ова фантастично колаче.

крем пита со пудинг

Состојки:

Подготовка:

  1. Лиснатото тестото поделете го на два дела. Деловите исучете ги во форма на правоаголни кори. Едната кора пресечете ја на коцки, но не го пресекувајте тестото до крај.
  2. Тавата за печење премачкајте ја со путер или маргарин. Ставете ги корите и избоцкајте ги со виљушка на неколку места.
  3. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути, додека корите поруменат. Печените кори оставете ги да се изладат.
  4. Водата ставете ја во сад на оган на висока температура да се вари.
  5. Белките одделете ги од жолчките. Белките и жолчките ставете ги во два различни садови за матење.
  6. Во садот со жолчките додајте 10 лажици шеќер и изматете со миксер за време од 3 до 4 минути. Потоа додајте 400 мл млеко и измешајте.
  7. Во длабока чинија ставете ги пудинзите, шлаг кремот од ванила и брашното. Измешајте со лажица.
  8. Смесата со пудинзите додајте ја во садот со жолчките и кратко изматете со миксер.
  9. Во садот со белките додајте 4 лажици шеќер и изматете ги со миксер за да добиете густ шлаг.
  10. Желатинот ставете го во 50 мл ладна вода. Оставете го да набабри.
  11. Во зовриената вода додајте го преостанатото млеко. Штом зоврие додајте ја смесата со жолчки и пудинг. Варете за време од 4 до 5 минути додека се добие густ крем. Потоа додајте ги изматените белки и измешајте за да се соедини филот. Тенџерето тргнете го од огнот, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи.
  12. Во тавата со целосната кора од лиснато тесто ставете го топлиот фил. Оставете да се излади.
  13. На крај додајте ја кората од лиснато тесто пресечена на коцки. Исечете парчиња, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги веднаш. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Совет плус: Најдобро е крем питата да ја оставите во фрижидер преку ноќ, а потоа да ја послужите.

крем пита со пудинг

Ви предлагаме да прочитате: Посна ледена коцка со пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: