Крцкави копанчиња од крилца

Вечер има фудбалски натпревар кој ќе го гледате со пријателите, а не знаете какво мезе да подготвите? – Имаме одлична идеја. Направете крцкави копанчиња од крилца кои се одлична закуска или мезе во комбинација со ладно пиво.

Копанчињата од крилца се лесни и брзи за подготовка, па нема да ви одземат многу време. Потребни ви се едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната. Може да ги послужите како мезе со доматен сос, кечап или сос за скара додека гледате некој спортски натпревар со пријателите. Уживајте во вкусот, дружете се и навивајте!

пилешки крилца

Пилешкото месо е богато со фосфор, кој е есенцијален минерал важен за здравјето на забите и коските. Овој минерал исто така ја подобрува функцијата на бубрезите, белите дробови и централниот нервен систем. Исто така, ова месо е богато со ретинол, алфа и бета каротен и ликопен, форми на А витаминот кои се особено важни за здравјето на очите.

Состојки:

  • 500 г копанчиња од крилца од Слога
  • брашно по потреба
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1/2 кафена лажичка црвен пипер
  • 1/2 лажичка мелен црн пипер
  • сол по вкус
  • 2 јајца
  • корнфлекс по потреба
  • маслиново масло по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад ставете брашно, лук и кромид во прав и црвен пипер. Додајте црн пипер и сол по вкус и измешајте.
  2. Јајцата ставете ги во друг сад и изматете ги со помош на виљушка.
  3. Со рака, корнфлексот издробете го на мали парчиња.
  4. Копанчињата од крилца валајте ги прво во смесата од брашно, па во јајцата и на крај во издробениот корнфлекс.
  5. Подготвените крилца ставете ги во тава на оган, во претходно загреано масло.
  6. Пржете ги во поголема количина на масло на средна температура.
  7. Кога крилцата ќе добијат златно кафеава боја извадете ги од тавата и ставете ги на даска обложена со хартија.
  8. Крцавите копанчиња од крилца послужете ги со чаша ладно пиво и уживајте!

Наша препорака:

Кога станува збор за пилешко месо, наш избор се Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. Во нивната палета на пилешки производи може да се сретнат копанчиња од крилцапилешки копанипилешки стекпилешки копани без коскапилешки копан со наткопанпиле и други. Посетете ја нивната веб страница или Facebook фан страница и разгледајте подетално кои производи ги нудат!

пилешки крилца во мексикански сос

Ви предлагаме да прочитате: Крцкав пилешки нагетс.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: