Мириса на лето, на ладно кафе, сонце, тераса… Температурите се покачуваат и сите ние полека топлото кафе го заменуваме со чаша ладно кафе кое е погодно за летните горештини.
Ако сте љубител на кафе ви предлагаме да го пробате одличниот рецепт за вкусно ладно кафе со сладолед. Ова кафе е избор на блогот Kuhinjica Mignone, а со сигурност ќе ве освежи во топлите денови.
Состојки:
- 150 мл ладно кафе
- шеќер по желба
- 1-2 топки сладолед од ванила
- слатка павлака
- рендано чоколадо или чоколадни трошки за декорација
Подготовка:
- Кафето сварете го, засладете го по желба и оставете го да се излади.
- Во висока чаша ставете го изладеното кафе (без талог) и додајте 1 до 2 топки сладолед од ванила. Над сладоледот ставете изматена слатка павлака. Декорацијата завршете ја со рендано чоколадо или чоколадни трошки.
- Припременото ладно кафе со сладолед послужете го веднаш и уживајте!
