Една од најдобрите работи за овој брз баунти колач без јајца шшто не треба миксер, бидејќи се работи со лажица, шпатула или жица за мешање. Многу лесно и многу едноставно!
Само треба да ги набавите состојки и можете да се сместите во кујната. Кратко време, а одлични резултати и голема радост за целото семејство.

Состојки:
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млеко
- 2 чаши шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 чаша масло
- 1 чаша кокос
- 1 лажиче прашок за печиво
- 2 чаши брашно.
Чашата која ќе ја користите треба да биде од 200 мл.
За глазура:
- 100 гр чоколадо и 3 лажици масло (или готов чоколаден прелив, по желба).
Подготовка:
- Во помал сад убаво измешајте ги шеќерот и ванилата, а потоа додајте ги во садот во кој претходно сте ги измешале јогуртот и млекото.
- Откако ќе се растопат, односно ќе се соединат состојките, една по една додајте ги и останатите состојки, а при тоа постојано мешајте.
- Смесата турете ја во намрсен калап или тава и печете на 180 степени околу 30 минути. Дали е печено може да проверите со допир или пак со боцкање со со чепкалка за заби.
- Стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото и со него прелијте го колачот одозгора, а ако сакате може наместо тоа да употребите готов чоколаден прелив.
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Баунти штангли – млечни колачи со кокос и чоколадо.