Од припрема до трпеза, потребни ви се само 15 минути! Убавото време е тука и сите ние сакаме да го искористиме за малку да прошетаме по сонцето. Па, бидејќи и ние ги обожаваме лесните рецепти кои брзо се подготвуваат, во нашата кујна ви припремивме еден експресно брз и супер вкусен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил!
Предложената доза е за две лица, а по потреба може да ја зголемите. Ние уживавме во вкусот, а се надеваме ќе уживате и вие, на здравје!

Состојки:
- 2 тиквички
- 1 чаша Delikates bella (замена за урда)
- 10-тина гранчиња свеж магдонос
- сол и црн пипер по вкус
- по потреба ладно цедено масло од маслодајна репка (за замена може и сончогледово)
- неколку ленти кравји кашкавал од Млекара Ѓорѓиеви за одозгора.
Подготовка:
- Тиквичките измијте ги. Со нож, отстранете им ја дршката, а потоа излупете ги.
- Пресечете ги на половина по должина и потоа со помош на лажица, издлабете го средишниот дел. Издлабените парчиња ставете ги во чинија на страна.
- Тавата за печење обложете ја со хартија, а потоа во во неа ставете ги издлабените „бродчиња“ од тиквички.
- Магдоносот измијте го и ситно исечкајте го.
- Во сад ставете ја Delikates bella и посолете ја по вкус, како и поросете ја со црн пипер во количина по желба.
- Потоа, во садот додајте го и претходно сечканиот магдонос.
- Додајте малку масло (1-3 лажици по вкус) и измешајте убаво за филот да се соедини.
- Со помош на лажица, наполнете ги претходно издлабените „бродчиња“ од тиквички.
- На крај, наредете од лентичките кашкавал и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 230 степени, за време од 10-15 минути.
Совет плус: Издлабените парчиња од тиквичка, кои претходно сте ги издвоиле во чинија, ние ги посоливме, ги посипавме со црн пипер и им додадовме малку масло и ги ставивме да се печат заедно со главниот оброк. Одлични беа, препорачуваме наместо да ги фрлите и вие да ги искористите на истиот начин. ставете ги во чинија на страна. А, ако ве интересира каде може да ги набавите Delikates bella и кравјиот кашкавал кои се производи на Млекара Ѓорѓиеви, слободно побарајте ги во сите подобро снабдени маркети во Македонија.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза крем салата со јајца и сирење.