летна крем салата со шарена сол

Летна крем салата со шарена сол

Брза, кремаста и вкусна! Летото е идеално за брзи рецепти и дружење со пријателите. А штом ви се најават гости, почестете ги со летната крем салата со шарена сол. Потребни ќе ви бидат 10-тина минути за подготовка, а резултатот ќе ве воодушеви. Најдобро од се е тоа што секој може да ја направи без разлика на кулинарските вештини.

Претходно пишувавме што е шарена сол и во кои јадења може да се вклучи, па инспирирани од ароматичната шарена сол од Рајска градина, приготвивме супер салата. Ви препорачуваме да ја пробате летната крем салата уште денес!

летна крем салата

Состојки:

Подготовка:

  1. Во сад со вода ставете ги јајцата. Садот ставете го на оган, на умерено – висока температура. Штом водата зоврие, јајцата варете ги за време од 10 минути.
  2. Варените јајца излупете ги и исечете ги на мали коцки. Сечканите јајца ставете ги во длабок сад.
  3. Сирењето издробете го со виљушка и додајте го во садот со јајцата.
  4. Краставиците излупете ги и исечкајте ги на мали коцки. Додајте ги во садот со јајцата и сирењето, и измешајте.
  5. Во садот додајте ги шарената сол и киселата павлака. Измешајте и сервирајте ја салатата во чинии. Декорирајте со шарена сол и свежо нане!
летна крем салата

Наша препорака за вас

Нашите пријатели од Рајска градина имаат вкусна шарена сол – блага и шарена сол – лута, кои лесно се вклопуваат во разни специјалитети. Составени се од пченка 80%, благ/лут буковец 10%, чубрица 5% и сол 5%. На големо задоволство за сите нас, може да ги најдеме лесно во сите поголеми маркети. Достапни се во ќесичка како на фотографијата во: Тинекс, Жито Велес, Стокомак, Грандпром Зур, Гиго Трејд, Принц, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро.

Ви предлагаме да прочитате: Таратур салата –  мезе и оброк.

*Спонзориран текст

Сподели: